01З/18: Историја на Најновиот век 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаVII3+25

Наставник:

Цели на предметната програма:

Општ пристап насочен кон совладување и стекнување на конкретни знаења и запознавање со политичките, гео-политичките, гео- стартешките, дипломатските, воените, економските, техничко-технолошките, културните и другите аспекти од европската и светската историја, што е во корелација со констелацијата на меѓународните односи во Европа и светот во периодот од 1914 до 1945 година. Разјаснување и разбирање на улогата, значењето или претставата за т.н. „голема слика“ во меѓународната политика и нејзиното влијание врз историските случувања, процеси, појави, настани и личности во Европа и светот во овој период.

Содржина на предметната програма:

Европа и светот во пресрет на Првата светска војна – континентот пред нов европски конфликт: констелација на меѓународните односи и распоредот на силите во Европа и светот во пресрет на Првата светска војна; Прва светска војна – почеток, од позиционирање на силите до тотална војна (период 1914-1916 година); Прва светска војна – нови развои, пресврт и завршеток (период 1917-1918 година); Европа и светот по Првата светска војна – дипломатијата повторно на сцена: Париските мировни договори; Новиот меѓународен поредок по Првата светска војна – завршување на ерата на системот на рамнотежа на сили и воспоставување на новиот “версајски систем”; Европа и светот во 20-тите години од XX-иот век – стабилизација и дестабилизација на меѓународниот поредок; Европа и светот во 30-тите години од XX-иот век – нови кризи и пат кон нова светска војна: немоќ да се превенира нов европски и светски конфликт; Влијанието на техничко-технолошкиот развој, економската состојба, развојот на културата и другите општествени појави и процеси во Европа и светот меѓу двете светски војни; Европа и светот пред нова светска војна – констелација на односите во Европа и светот во пресрет на Втората светска војна; Втора светска војна – почеток на војната и новата карта на Европа и светот (период 1939-1941 година); Втора светска војна – кулминација на конфликтот: глобална и тотална војна (период 1942-1943 година); Дипломатијата во текот на Втората светска војна – преговори за завршување на војната и креирање на нов меѓународен пост-воен поредок; Втора светска војна – пресврт и војнички крај (период 1944-1945 година); Втора светска војна – победници и поразени, последици: човечка, материјална, морална и културно-цивилизациска деструкција на Европа и светот.

Литература:

1. Џозеф С. Нај, Помладиот, Разбирање на меѓународните конфликти, Академски печат, Скопје, 2008

2. Плантаџенет Сомерст Фрај, Историја на светот (стр. 290-334), Просветно дело, Скопје, 2001

3. Алeн Бринкли, Историја на САД: недовршена нација (стр. 513-633), Штрк, Скопје, 1999

4. Винстон Черчил, Втора светска војна, Tом 1 и 2, Магор, Скопје, 2014

5. Џон M. Робертс, Европа 1880- 1945, Clio, Београд, 2002

6. Henri Kisindžer, Diplomatija, Tom I, Verzal press, Beograd, 1999

7. Чедомир Попов, Од Версаја до Данцига, Нолит, Београд – „Службени лист“, Београд, (друго издање), 1976, 1995

8. Жорес А. Медведев и Рој А. Медведев, Непознатиот Сталин, Арс студио, Скопје, 2014

9. Антонело Бијаџини, Историја на современа Турција (стр. 1-110), Арс студио, Скопје, 2015

10. Филип Џенкинс, Историја на САД, 4 издание (стр. 188-216), Арс студио, Скопје, 2015