И808И/18: Практична работа во наставата по историја
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја | VIII | 2+1 | 5 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Студентите да ги применат знаењата од теоријата на методиката на наставата по историја во организацијата и реализацијата на наставата по историја во основните и средните училишта.
Содржина на предметната програма:
Структурата на часот по историја; типови на часови по историја; редовната и дополнителната настава по историја и слободните ученички активности; користењето на текст методата на часот по историја; нагледни средства на часот по историја; теренска настава; изработка на дневна подготовка на час; тематско планирање; полугодишно и годишно планирање; наставникот по историја; учебниците по историја во основното и средното образование.
Литература:
1. Виолета Ачкоска, Методика на наставата по историја, Скопје, 2001
2. Снежана Адамческа, Тандемска работа на учениците, Скопје, 1993