И704И/18: Историја на дипломатијата 1914–1945

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаVII2+15

Наставник:

Цели на предметната програма:

Стекнување на конкретни знаења и познавања за дипломатските аспекти поврзани со констелацијата на меѓународните односи во Европа и светот во периодот од 1914 до 1945 година, односно, историските случувања, процеси, појави, настани и личности во областа на дипломатијата во тој период.

Содржина на предметната програма:

Дипломатијата во пресрет на Првата светска војна – констелација на односите / распоредот на силите и обид да се сочува мирот на европскиот континент; Прва светска војна и тајната дипломатија; Дипломатијата и склучените меѓународни договори во текот на Првата светска војна; Дипломатијата и мировната конференција во Париз – дипломатски игри и надмудрувања за заштита на националните интереси; Дипломатијата и креирањето на новиот меѓународен поредок, т.н. „версајски систем“; Дипломатијата и нејзината улога во пост-воената стабилизација во Европа и светот; Дипломатијата и Лигата на Народите; Дипломатијата во 20-тите години на XX век – ентузијазам на меѓународната дипломатија: со склучените меѓународни пактови „се чувствува духот на мирот“; Дипломатијата во 30-тите години на XX-иот век – враќање на системот и формирање на воени и политички алијанси; Дипломатијата и антиколонијалните и национално-ослободителните движења меѓу двете светски војни; Дипломатијата во предвечерието на почетокот на Втората светска војна: неуспех да се превенира нов светски конфликт; Дипломатијата во Втората светска војна – меѓународни конференции.

Литература:

1. Henri Kisindžer, Diplomatija, Tom I, Verzal press, Beograd, 1999

2. Владимир П. Потемкин, Историја Дипломатије, Дипломатија у периоду припрема Другог светског рата, Том III, Архив за Правне и Друштвене Науке, Београд, 1951

3. The Avalon project, Documents in Law, History and Diplomacy, (Document Collections) (www.avalon.law.yale.edu), Lillian Goldman Law Library, Yale Law School, New Haven, Connecticut, USA

4. Office of the Historian, Historical documents (www.history.state.gov), U.S Department of State, Washington, DC, USA

5. Customary International Law: Historical Diplomatic Documents (www.researchguides.library.vanderbilt.edu/statepractice/historical), Jean and Alexander Heard Library, Nashville, Tennessee, USA

6. Чедомир Попов, Од Версаја до Данцига, Нолит, Београд – „Службени лист“, Београд, 1976, 1995