И707И/18: Методика на наставата по историја

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаVII2+15

Наставник:

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења од теоријата на методиката на наставата по историја, да ја сфатат нивната применливост во настaвната практика; да се оспособат за примена на теоретските сознанија во реализацијата на наставата по историја во основното и средното образование. Да ги сфатат и усвојат етичките вредности на воспитната улога на наставата по историја како неоходна компонента во сеопшта едукација на младата личност.

Содржина на предметната програма:

Методиката на наставата по историја како комплексна наука; Историјата како наука и како наставен предмет; Истражувачки постапки и методи; Општи и посебни наставни принципи; Наставникот по историја; Цели и задачи на наставата по историја; Наставни форми; Наставни методи; Постапки и стратегии на активната настава, наставата за развивање на критичко мислење и промоција на хумани вредности; Подготовка на наставникот за наставен час.

Литература:

1. Виолета Ачкоска, Методика на наставата по историја, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2001

2. Снежана Адамческа, Активна настава, Легис, Скопје, 1996

3. Зборник Историска наука и настава историје у савременим условима, ЦАНУ, Подгорица, 1994

4. Прирачник Со читање и пишување до критичко мислење, Фондација отворено општество Македонија, Скопје, 2004

5. Зборник Актуелни проблеми во македонската историографија и наставата по историја, СДИРМ, Скопје, 1996

6. Хајке Катрин Бала, “Потсетување за иднината“,семинар за методите за обработка на историјата, Институт за меѓународна соработка на германскиот сојуз на народни универзитети, Бигос, Скопје, 2003