Ф807И/18: Филозофија на книжевноста
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | VIII | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Иван Џепароски
Цели на предметната програма:
Совладување на поимно-категоријалниот систем на филозофијата на книжевноста и стекнување со научни и продлабочени знаења за филозофијата на книжевноста.
Содржина на предметната програма:
Филозофијата и книжевноста: од соперништво до соработка. Филозофија на книжевноста: континентален и аналитички пристап. Книжевноста и естетичките категории. Онтолошкиот и епистемолошкиот статус на книжевното дело. Мимесис. Форма. Експресија. Имагинација и креација. Интерпретација и интенција.
Филозофски пристапи кон книжевноста – од херменевтика до деконструкција: Гадамер, Јаус, Маркузе, Барт, Дерида. Отаде филозофијата и книжевноста: Ниче, Фројд, Унамуно, Бенјамин, Ками, Сартр. Книжевност, естетика, идеологија: Лукач, Адорно, Иглтон. Книжевната критика и филозофијата на книжевноста.
Литература:
1. Иван Џепароски, Култура и книжевност, Скопје: Магор, 2016.
2. Иван Џепароски, Уметничкото дело, Скопје: Магор, 2009.
3. Garry L. Hagberg and Walter Jost (eds.), A companion to the philosophy of literature, Wiley-Blackwell, 2010.
4. Stein Haugom Olsen and Anders Pettersson (eds.), Text and experience: new analytic and pragmatic approaches to the study of literature, New York: Palgrave Macmillan, 2005.
5. Milivoj Solar, Uvod u filozofiju književnosti, Zagreb: Golden marketing – Tehnička knjiga, 2004.
6. Christopher New, Philosophy of literature: an introduction, London and New York: Routledge, 1999.