Ф805И/18: филозофија на јазикот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаVIII2+26

Наставник: д–р Ана Димишковска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат увид во историските претпоставки за конституирањето на филозофијата на јазикот како засебна филозофска дисциплина и да овладеат со нејзиниот категоријален апарат; да се оспособат за артикулирање на доминантните проблеми на филозофијата на јазикот и за теориско вреднување на типовите решенија кои се јавуваат во нејзините рамки; да се оспособат за продлабочено промислување на значењето на јазикот и неговата конститутивна улога во обликувањето на човековиот свет.

Содржина на предметната програма:

1. Филозофијата на јазикот како дисциплина. Историски осврт врз сфаќањето за јазикот низ историјата на филозофијата (гледиштата за јазикот во античката, средновековната и нововековната филозофија).

2. Современото втемелување на филозофијата на јазикот – проблемот на смислата и референцијата. Теоријата на дескрипциите и нејзината критика. Проблемот на логички сопствените имиња (Фреге, Расел, Крипке).

3. Теории на значењето. Сликовната теорија на значењето наспроти теориите на значењето како употреба (раниот и доцниот Витгенштајн). Психолошките теории за значењето (Грајсовата програма). Верификационизмот и теориите за условите на вистинитоста (Квајн, Дејвидсон).

4. Прагматиката и теоријата на говорните чинови (Остин, Серл). Импликативните релации во јазикот – пресупозицијата и импликатурата (Стросон, Грајс).

5. Проблемот на метафоричното значење. Метафората и филозофијата на јазикот.

Литература:

1. Виолета Панзова (прир.), Вистината и значењето, Ѓурѓа, Скопје, 1998.

2. Ante Šoljić, Filozofija jezika, Авторизирани предавања.

3. Ante Periša, Uvod u filozofiju jezika, Sveučilište u Zadru, Zadar, 2016.

4. William G. Lycan, Philosophy of Language – A Contemporary Introduction, Routledge, London and New York, 1999.

5. Вилар ван Орман Квајн, Збор и објект, Арс студио, Скопје, 2016.

6. Џон Серл, Говорни чинови, Арс студио, Скопје, 2016.

7. Џон Лангшоу Остин, Како да се дејствува со зборови, Арс студио, Скопје, 2014.

8. Платон, Кратил, Магор, Скопје, 2006.

9. Ана Димишковска Трајаноска, Прагматиката и теоријата на аргументацијата, Ѓурѓа, Скопје, 2001.