Ф703З/18: Методика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | VII | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Јасмина Делчева-Диздаревиќ
Цели на предметната програма:
Студентите да се запознаат со теоретските сознанија за законитостите на наставниот процес; да се оспособат за примена на дидактичко-методичката терминологија; да се оспособат за следење на резултатите од најновите научни достигнувања во дидактиката и методиката на наставата од соодветното подрачје; да се оспособат за подготовка, реализација и евалуација на наставниот процес, наставниот час, да се оспособат за примена на различни извори на знаења; да се оспособат за примена на нови стратегии на учење и настава; да стекнат вештини и патишта за самостојно откривање, презентирање и вреднување.
Содржина на предметната програма:
Предмет и задачи на методиката; Историски развој на методиката на наставата; Методиката во системот на педагошките дисциплини; Цели и задачи на наставата- Таксономија (Блумова) и операционализација; Наставна програма, наставна содржина – избор и распоред на наставното градиво; Современи наставни системи и иновативни модели на работа вонаставата; Програмирање, планирање на наставниот процес; Полиметодичноста и полиморфноста во наставниот процес Стратегии и техники на работа во современата настава; Часот како организациона форма на наставна работа Позиција и улога на ученикот во наставата, разновидни облици на активност; Наставникот во процесот на наставата (педеутолошки карактеристики, подготовка за настава, одделенски раководител); Наставна комуникација, Вреднувањето во наставата (видови оценување – формативно, сумативно, дијагностичко и др.).
Литература:
1. Адамческа, С., Активна настава, Легис, Скопје, 1996.
2. Itković, Z., Opća metodika nastave, Književni krug, Split, 1997.
3. Dryden, G., Vos, J., Revolucija u učenju, Educa, Zagreb, 2001.