Ф505И/18: Филозофија на науката

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаV2+26

Наставник: д–р Ана Димишковска

Цели на предметната програма:

Студентите да ги прошират и да ги продлабочат своите знаења за филозофските аспекти на најновите текови во развитокот на науката, како и да се оспособат да ги согледуваат и критички да ги вреднуваат консеквенциите кои произлегуваат од современите научни достигнувања на теориско, општествено и практично рамниште.

Содржина на предметната програма:

1. Разграничување на поимите наука и филозофија; определувањето на науката: разграничување на научните од ненаучните знаења: проблемот на демаркацијата

2. Логичките основи на научното знаење и неговата епистемолошка вредност. Проблемот на индукцијата и обидите за неговото решавање низ историјата. Верификационизмот и неговите слабости; Поперовиот фалсификационизам

3. Научното објаснување и предвидувачката моќ на научните теории. Дедуктивно-номолошкиот модел и неговите предности и недостатоци. Тезата на Квајн и Дием за “заднинските претпоставки” на знаењето. Односот помеѓу објаснувањето и разбирањето. Карактеристиките на научните знаења во општествените и природните науки

4. Проблемот на растот на научното знаење. Кумулативност или смена на парадигми? Томас Кун: научните револуции и нивната динамика. Радикално оспорување на идејата за “научен метод” – епистемолошкиот анархизам на Фаерабенд.

5. Антрополошките и вредносните аспекти на научните достигнувања: етичките димензии на научните истражувања и откритија

Литература:

1. Благоја Вељаноски, Драган Јакимовски (прир.), Хрестоматија по филозофија на науката, Скопје, 2003.

2. Imre Lakatoš, Alen Masgrejv (prir.), Kritika i rast saznanja, Plato, Beograd, 2003.

3. Томас Кун, Структурата на научните револуции, Магор, Скопје, 2002.

4. Alex Rosenberg, Philosophy of science – A contemporary introduction, Routledge Taylor & Francis Group, New York and London, 2012.

5. Georg Henrik von Wright, Objašnjenje i razumevanje, Nolit (Beograd), 1975.

6. Карл Попер, Претпоставке и побијања, Издавачка књижарница Зорана Стојановића (Сремски Карловци/Нови Сад), 2002.

7. Пол Фаерабенд, Против методот, Темплум (Скопје), 2000.