Ф402З/18: Теорија на познанието
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | IV | 4+2 | 6 |
Наставник: д–р Ана Димишковска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат систематски и продлaбочени знaења за предметот, проблемите и правците во теоријата на познанието; да ги усвојат неопходните знaења за разбирањето и прочувањето на централната теориско-познавателна проблематика: изворите, основните фактори на процесот на познанието и неговите дострели, како и учењето за вистината и нејзините критериуми; да се оспособат за самостојни истражувања и примена на стекнатите знаења од теориско- познавателната проблематика во научната, педагошката и практичната дејност.
Содржина на предметната програма:
1. Познание и теорија на познанието: поимот на познанието; предметот на теоријата на познанието; теоријата на познанието и другите филозофски дисциплини.
2. Анализа на поимот на знаењето: класичната дефиниција и проблемот на Гетие. Епистемичка среќа. Интерналистичкиот и екстерналистичкиот пристап кон знаењето и оправдувањето.
3. Категориите субјект и објект во теоријата на познанието. Основните фактори во процесот на познанието. Односот меѓу осетите, перцепциите, претставите и поимите.
4. Проблемот на потеклото на познанието: емпиризам, рационализам, критицизам и други решенија
5. Можностите и границите на познанието – скептичкиот предизвик. Фундационализмoт како потрагата по сигурни основи на знаењето.
6. Проблемот на вистината како основно филозофско-гносеолошко прашање. Вистината и степените на знаењето. Класичната и некласичните теории за вистината.
Литература:
1. Мирко Ѓошевски, Основи на теоријата на познанието, Аз-Буки, Скопје, 2009.
2. Boran Berčić, Filozofija. Svezak drugi, (прв дел – Znanje), Ibis, Zagreb, 2012.
3. Рене Декарт, Метафизички медитации, Зумпрес, Скопје, 1998.
4. Џон Лок, Оглед за човечкиот разум (кн. II), Аз-Буки, Скопје, 2004.
5. Noah Lemos, An Introduction to the Theory of Knowledge, Cambridge University Press, Cambridge, 2007.
6. Алфред Ејер, Јазикот, вистината и логиката, Арс студио, Скопје, 2014.
7. Бертранд Расел, Нашето знаење за надворешниот свет, Арс студио, Скопје, 2014.
8. Серл, Џон, Преоткривање на умот, Арс студио, Скопје, 2014.
9. Кант, Имануел, Пролегомени за секоја идна метафизика, Аз-Буки, Скопје, 2004.
10. Џорџ Беркли, Расправа за принципите на човечкото познание, Зумпрес, Скопје, 1997.