Ф307И/18: Етика во образованието
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | III | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Борче Костов
Цели на предметната програма:
Усвојување на неопходните теориски фундаменти на етичката наука; Усвојување на основите на професионалната етика; Студентите да ги дознаат и усвојат основните етички начела на нивната идна професија (педагог-наставник или воспитувач); Способност за етичка проценка и вреднување; Умеење да се практикуваат знаењата и вештините на етичката наука; Ценење и почитување на достоинството на секоја личност; Давање на подеднакви шанси за сите; Отсуство на дискриминација по ниту еден основ; Промовирање на толеранција и бранење на демократските вредности; Посветеност на знаењето, вистината, чесноста; Примарна грижа да му биде ученикот/воспитаникот и неговиот развој; да одржува односи на почит, соработка и доверба со родителите, колегите и заедницата; Развивање и негување на високи морални вредности кај себе и своите ученици-воспитаници; Да го сфати значењето и одговорноста на сопствената професија; Да развие професионален начин на однесување во сопствената професија.
Содржина на предметната програма:
Образование и професионализам; Подучување и образование; Професии, професионализам и професионална етика; Подучување и професионализам; Образовни теории и професионална практика; Погрешна примена на образовните теории; Различни аспекти на образовните теории; Подучување и компетенции; Професионални вредности и етичка објективност; Професионални вредности и објективноста на вредноста; Различни образовни концепции; Етика и образование-моралноста и наставникот; Образовните права и професионалните грешки; Моралната улога на наставникот; Посебни вредности; Етички прашања кои се однесуваат на улогата на наставникот; Етички прашања кои се однесуваат на образованието и школството.
Литература:
1. David Carr, Professionalism and Ethics in Teaching, Routledge, London, 2000.
2. Bruce Maxwell, Professional Ethics Education: Studies in Compassionate Empathy, Routledge, London, 2008
3. Алистер Мекинтаир, Кратка историја на етиката, Аз-Буки, Скопје, 2003.