Ф302З/18: Историја на логиката

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаIII4+26

Наставник: д-р Ана Димишковска

Цели на предметната програма:

Студентите за се запознаат со настанокот и развојот на логичките идеи и теории низ историјата на човековата мисла, дa развијат способност за нивно поврзување, компарирање и согледување на нивните импликации врз останатите филозофски и научни дисциплини и да се оспособат за примена на стекнатите сознанија во педагошката и во научноистражувачката дејност.

Содржина на предметната програма:

1. Целите и задачите на историјата на логиката како дисциплина

2. Придонесот на антиката за развојот на логиката: Аристотел (творецот на логиката), Теофраст, Мегаро-стоичката логичка школа; Коментаторскиот период во развојот на логиката

3. Средновековна логика: општи карактеристики; периодизација и проблематика; теоријата за својствата на термините и учењето за консеквенциите како оригинални придобивки од средновековието

4. Периодот помеѓу средновековната и современата логика познат како “Interregnum”

5. Основачите на современата симболичка логика: Лајбниц и Бул

Литература:

1. Јонче Јосифовски, Историја на логиката, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1974.

2. Arthur Prior, Historija logike, Naprijed, Zagreb, 1970.

3. Питер Харолд Нидич, Развојот на математичката логика, Аз-Буки, Скопје, 2003.

4. Јозеф Бохенски, Античка формална логика, Аз-Буки, Скопје, 2009.

5. Филотеј Бенер, Средновековна логика, Аз-Буки, Скопје, 2006/

6. Готлоб Фреге, Поимно писмо, Магор, Скопје, 2004.

7. Џорџ Бул, Математичка анализа на логиката, Аз-Буки, Скопје, 2003.

8. Виолета Панзова (прир.), Значењето и вистината, Ѓурѓа, Скопје, 1998.

9. Лудвиг Витгенштајн, Логичко-филозофски трактат, Магор, Скопје, 2002.