Ф301З/18: Средновековна и ренесансна филозофија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Филозофија | III | 4+2 | 6 |
Наставник: д-р Јасмина Поповска
Цели на предметната програма:
Цели на предметот се студентите да добијат продлабочени сознанија за основните филозофски проблеми и за најзначајните филозофски идеи во западноевропскиот Среден век и Ренесанса, да развијат критичка способност за филозофска анализа на религиските прашања, да развијат способност за согледување на суштинските сличности и разлики помеѓу филозофските учења во различните историски периоди, да развијат способност да ги интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните западноевропски средновековни и ренесансни филозофски текстови и притоа соодветно да ја користат секундарната литература.
Содржина на предметната програма:
Предметот „Средновековна и ренесансна филозофија“ се фокусира на презентирање и анализирање на главните филозофски идеи и проблеми во историјата на западноевропската средновековна и ренесансна филозофија, почнувајќи од гностицизмот, христијанските апологети, патристиката, схоластиката и ренесансната филозофија. Преку историско-филозофската ретроспектива на мисловната атмосфера од II до XVI век, фокусот ќе биде ставен на проблемите кои ги интересираат средновековните и ренесансните мислители, имено релацијата помеѓу верата и разумот, прашањето за Бог, доказите за постоењето на Бог, проблемот на универзалиите, проблемот на слободната волја и злото, човечката среќа и доблеста, науката и уметноста, и т.н.
Литература:
1. Filipović, V., Filozofija renesanse. Hrestomatija III, Zagreb: Nakladni zavod Matice Hrvatske, 1978.
2. Koplston, F., Istorija filozofije, II-III, Beograd: BIGZ, 1988.
3. Majorov, G. G., Formiranje srednjovekovne filozofije, Beograd: Grafos, 1982.
4. Žilson, E., Filozofija u Srednjem veku, Novi Sad: Izd. Knjiž. Ž. Stojanovića, 2002.
5. Свето писмо
6. Августин, А., Исповеди, Скопје: Макавеј, 2005.
7. Kenterberijski, Anselm, Proslogion, Beograd: Moderna, 1991.
8. Макијавели, Н., Владетелот, Скопје: Силсонс, 2004.
9. Ротердамски, Е., Пофалба на лудоста, Скопје: Култура, 1990.