Ф205И/18: Социологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаII2+26

Наставник: д-р Илија Ацески

Цели на предметната програма:

Студентите да се стекнат со доволно знаење од содржините на општата социологија.

Содржина на предметната програма:

1. Социологија – поим, предмет значење. (Поим за социологијата. Што значи да се развива социолошката имагинација. Дефиниција на предметот на социологијата, Социолошка перспектива. Социологија на глобализацијата и модерната. 2. Културата и општеството (Културата и човековата природа. Функции на културата. Масовни медиуми. Популарна култура. Масовни комуникации. 3. Социјална структура (Положба и статус. Типови на социјални структури. Улогите и општеството. Припишани и постигната улоги. 4. Социјални промени, колективно однесување и социјални движења. Колективно однесување, поим, карактеристики и типови. Толпа, банда, бунт. Социјални движења. 5. Социјализацијата и општеството. Процес на социјализација. Социјална интеракција. Социјални групи. 6. Девијација, социјална контрола, криминал (Девијација и социјална контрола. Видови на девијантно однесување. Криминалитетот на “белите јаки” (white collar crime). Организиран криминал. 7. Социјална стратификација, нееднаквост, сиромаштија и социјална исклученост (Општествени нееднаквости. Класна структура на модерното општество. Општествена подвижност Сиромаштија, социјална исклученост, социјална помош исклученост). 8. Етницитет, етничка стратификација и судири. (Етницитет и нација: поим и карактеристики. Типови на етничност. Националниот идентитет: културна конструкција. Етничка група (малцинство, малцинска група. 9. Труд. Eкономски живот. Слободно време. (Постиндустриска економија: моќта на технологијата, информациска технологија. Информатизација на работното место. Невработеност. Социјална дистрибуција на. невработеноста. Класа, род, возраст, етничка припадност. Економиите во транзиција: сопственост, труд, капитал, Слободно време (време надвор од трудот. 10. Власт, држава, политика, демократија (Моќ. Власт. Основен поим. Три типа на власт. Организација на власта. Држава на благосостојба. Социјална држава. Улогата на државата во ера на глобализација. 11. Семејство (Институција сродство. Семејството во модерното општество. Семејно насилство. Планирање на семејството. Родна стратификација. Род и биологија. 12. Образование. Образованието и општеството. Бурдие: културниот капитал и образованието. Субкултурата и успехот во образованието. Животот во етнички мешовити училишта: стереотипи, предрасуди, паралелни светови. Насилствата во образованието. 13. Религија (Религиски вредности. Основни димензии на религијата. Функции на религијата. Религијата и социјалните промени. Религијата во постмодерната. Процесите на секуларизација и социјалните промени. Етничка припадност, религиозност и толеранција. Религијата, нацијата и конфесионалната припадност. Враќање на религијата: толеранцијата во мултирелигиските општества. 14. Население–демографија – животна средина (Демографска транзиција: повеќе или помалку деца. Демографски карактеристики во Република Македонија Миграциски движења. Популациона политика. Животна средина, еколошка криза и социјален развој. 15. Социологија на здравје, болести и стареење (Социолошки пристап на здравјето и болеста. Фактори за срцеви заболувања. Социолошките истражувања на болестите. Социекономските фактори како причинители за заболување. Стрес и болести.) 16. Светот во процес на промени: глобализација, идентитет, интеграција. (Вовед. Што е глобализација. Глобализација, глобализам, глобалитет. Глобализацијата како „ згуснување на светот“: плима која го потопува светот. Глобално – локално/локалноглобално: кои сме „Ние“ а кои се „Другите“. Глобална економија. Voice over IP (VoIP) – технологија. Глобална култура – информатичко општество.

Литература:

1. Ацески Илија, Социологија, Филозофски факултет, 2017.

2. Ѓуровска М., Социологија, Филозофски факултет.

3. Ташева, М, Социологија, Филозофски факултет.

4. Giddens А., Sociology, Cambridge, 1993.