Ф204И/18: Увод во филозофијата на правото

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаII2+26

Наставник: д–р Ана Димишковска

Цели на предметната програма:

Студентите да се здобијат со продлабочени сознанија за филозофски релевантните аспекти на правото како една од клучните детерминанти на човековиот живот во рамките на општествената заедница; да стекнат увид во општите идеи и принципи врз кои се темели конструкцијата на правото како нормативен систем; да се оспособат за филозофска анализа на правните феномени и за вреднување на нивните пошироки општествеи импликации.

Содржина на предметната програма:

1. Поимот на филозофијата на правото. Дефиниции на правото. Системот на правото. Изворите на правото. Нормативноста на правото: врз што се темели обврзувачкиот карактер на правните норми? Односот на правото, обичајот и моралот.

2. Правдата како темелна филозофско-правна идеја. Односот на правото и правдата.

3. Историски осврт кон развојот на филозофијата на правото: односот на правниот натурализам и правниот позитивизам

4. Државата како договорна заедница: Идејата за општествениот договор и нејзините импликации

5. Индивидуата и заедницата: утилитаризмот наспроти теоријата за неотуѓивите права и слободи на индивидуите

6. Конституционализмот и принципот на поделбата на власта

7. Вината и казната. Судот како институција

8. Правото и логиката. Правното расудување и неговите специфики. Правната интерпретација и нејзините форми. Правната аргументација и образложувањето на одлуките.

Литература:

1. Камбовски, Владо, Филозофија на правото, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2010.

2. Димитар Бајалџиев, Миодраг Мицајков и Добринка Тасковска, Вовед во правото, Правен факултет, 1999.

3. Густав Радбрух, Филозофија на правото, Правен факултет „Јустинијан Први“, Академски печат, Скопје, 2008.

4. Haim Perelman, Pravo, moral i filozofija, Nolit, Beograd, 1983.

5. Otfrid Hefe, Pravda: filozofski uvod, Akademska knjiga, Novi Sad, 2008.

6. Томас Хобс, Левијатан, Аз-Буки, Скопје, 2010.

7. Жан Жак Русом, За општествениот договор, Мисла, Скопје, 1978.

8. Мишел Фуко, Наздор и казна, Слово, Скопје, 2004.

9. Џон Роулс, Теорија на праведноста, Слово, Скопје, 2002.

10. Лон Фулер, Случајот на пештерските истражувачи, Филозофска трибина, 2014.

11. Ана Димишковска, Логиката на правното расудување, Аз-Буки, Скопје, 2011.