Ф202З/18: Увод во симболичката логика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаII4+26

Наставник: д–р Ана Димишковска

Цели на предметната програма:

Запознавање со суштината на поимите, операциите, методите и законите на современата логика, со цел развивање на способности кај студентите за нивна примена во педагошката дејност, како и практично имплементирање во научните истражувања од различни тематски подрачја.

Содржина на предметната програма:

1. Логиката како наука и нејзиниот однос со останатите науки;

2. Логиката на исказите како фундаментален дел на современата симболичка логика; поим за исказ, видови искази, функции на вистинитоста; примената на функциите на вистинитоста во дизајнирањето и конструкцијата на електронските логички кола;

3. Логички закони и методи за нивно откривање: табличен метод, reductio ad absurdum, нормални и совршени форми, аксиоматски метод;

4. Предмет на логиката на предикатите и нејзиниот јазик; структура на елементарните искази: субјект и предикат; предикативни функции; логички закони во логиката на предикатите;

5. Непосредни и посредни логички следства во логиката на предикатите: опозиција, конверзија и силогизам. Структурата на силогизмот. Методи за докажување на правилноста на несовршените силогистички модуси.

Литература:

1. Јонче Јосифовски, Увод во симболичката логика, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1974.

2. Виолета Панзова, Логички лексикон, Филозофски факултет, Скопје, 2005.

3. Виолета Панзова, Логика − општа теорија на рационалноста, Филозофски факултет, Скопје, 2000.

4. Virginia Klenk, Understanding Symbolic Logic (fifth edition), Prentice Hall, New Jersey, 2007.

5. Graeme Forbes, Modern logic: A Text in Elementary Symbolic Logic, Oxford University Press, Oxford, 1994.