Ф201З/18: Античка филозофија 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаII4+26

Наставник: д–р Јасмина Поповска

Цели на предметната програма:

Студентите да добијат продлабочени сознанија за основните филозофски проблеми и за најзначајните филозофски идеи во делата на Платон, Аристотел и во хеленистичко- римската филозофија; да ја разберат концептуалната рамка и терминологија во која се формираат фундаменталните идеи на Платон, Аристотел и во хеленистичко- римскиот период; да развијат способности за споредување на историски различни филозофски концепти; да развијат способност да ги интерпретираат, да ги анализираат и да ги оценуваат автентичните филозофски текстови на Платон, Аристотел и на хеленистичко-римските автори и притоа соодветно да ја користат секундарната литература; да ја увидат поврзаноста на метафизиката, теоријата на познанието и етиката во различните хеленистички школи; да се зајакне сопствената филозофска мисла преку комуникација со идеите на Платон, Аристотел и на хеленистичко-римските автори, во форма на писмено изложување и/или вербална аргументација.

Содржина на предметната програма:

Овој предмет на студентите им овозможува да добијат продлабочени сознанија за онтолошките, гносеолошките, етичките, естетичките и социјално-политичките проблеми во филозофијата на Платон и на Аристотел, како и на главните филозофски идеи и проблеми во историјата на хеленистичко-римската филозофија, почнувајќи од следбениците на Академијата, Перипатетичката школа, понатаму, претставниците на стоичката школа, епикурејска школа, скептиците и неоплатонизмот. Со детална анализа на некои од најзначајните дела на Платон и на Аристотел ќе бидат поставени прашањата за Платоновото учење за идеите, неговата гносеолошка концепција на анамнезис, учењето за душата, Платоновата еротологија, учењето за убавината и уметноста, утопистичкото уредување на државата, Платоновата етика; потоа прашањата за Аристотеловото учење за причините, категориите, неговата теологија и телеологија, етика и политика. Преку историско-филозофската ретроспектива на филозофијата на хеленистичко-римските автори, освен на онтолошките и гносеолошките проблеми, фокусот ќе биде ставен на етичките системи и посебните етички прашања, како вредноста на задоволството и доблеста, контролата на емоциите, можноста за достигнување спокојство и среќа, и т.н.

Литература:

1. Аристотел, Метафисика (прв и втор дел), Скопје: Табахон, 2013, 2014.

2. Koplston, F., Istorija filozofije, tom I – Grčka i Rim, Beograd: BIGZ, 1991.

3. Платон, Политеја, Скопје: Три, 2002.

4. Plotin, Eneade, Beograd: Grafos, 1982.

5. Đurić, М., Istorija helenske etike, Beograd: BIGZ, 1987.

6. Аристотел, Категории, Скопје: Табахон, 2012.

7. Мухиќ, Ф., Филозофи утешители, Скопје: Табернакул, 2010.

8. Кени, Е., Нова историја на западната филозофија, Том I – Античка филозофија, Скопје: Арс студио, 2016.