Ф104И/18: Академско пишување

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаI2+26

Наставник: д–р Ана Димишковска

Цели на предметната програма:

Запознавање со основните фази на научноистражувачката постапка и развивање способности кај студентите за практична примена на тие сознанија во иницирање, планирање и реализирање на разни видови стручни и научни истражувања, како и презентирање на резултатите од определено истражување во облик на научен труд, со посебен акцент врз спецификите на трудовите од областа на филозофијата.

Содржина на предметната програма:

1. Суштината и значењето на научноистражувачката работа; основни претпоставки за научното истражување; компоненти на истражувачкиот процес: идентификување на истражувачки проблем и негово формулирање во тема за научно истражување; извори за обработка на темата;

2. Планирање и организирање на научниот труд; пишување на трудот; документирање на научниот труд: цитати, фусноти/белешки и библиографија;

3. Спецификите на трудовите од подрачјето на филозофијата; видови филозофски есеи; белезите на аргументативните есеи

4. Аргументациските аспекти на филозофските трудови: логичките основи на аргументацијата; формалните и неформалните грешки во аргументацијата и нивното идентификување; користење на базичните аргументациски структури во пишувањето филозофски текстови.

Литература:

1. Виолета Панзова, Науката како занает, Филозофски факултет, Скопје, 2003.

2. Виолета Панзова, Прирачник за изработка на студентски трудови, Филозофски факултет, Скопје, 2011.

3. Zachary Seech, Writing philosophy papers, Belmond, Wadsworth, 2000.

4. Rowena Murray, How to write a thesis, Open University Press, New York, 2011.

5. Li Kuba, Džon Koking, Metodologija izrada naučnog teksta. Kako se piše u društvenim naukama, CID, Podgorica, 2003.

6. Joseph Gibaldi and Walter S. Achtert, MLA handbook for writers of research papers, The modern language association of America, New York, 1998.