У304И/18: Историја на архитектурата на Македонија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја на уметност | III | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Сашо Коруновски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат основни познавања од историјата на архитектурата на Македонија преку спознавање на најзначајните текови и архитектонски остварувања. Стекнатиот квантум на знаења треба да ги оспособи студентите за теренска или кабинетска работа во соодветните институции.
Содржина на предметната програма:
Архитектурата во Македонија во антиката (станбена архитектура, театри, храмови, терми), Ранохристијанска архитектура (Стоби, Хераклеја, Лихнид, Баргала), Средновековна архитектура во Македонија IX-XV век (стилски периоди и споменички микро групи), Исламска архитектурата во Македонија (џамии, турбиња, текии, анови, амами), Христијанска архитектура XV-XVIII век (споменички микро групи), Архитектурата во периодот на преродбата.
Литература:
1. Коруновски С., Е. Димитрова, Византиска Македонија, Детска Радост, 2006
2. Коруновски С., Е. Димитрова, С. Грандаковска, Средновековна Македонија: историја на уметноста, архитектурата и литературата, во Македонија, милениумски културно историски факти, Медиа принт Македонија, Универзитет Евро-балкан, 2013
3. Герасимовска Д., Антички куќи во Македонија, Скопје, 1996
4. Коруновски Сашо, Културно наследство, ФТУ – Охрид, 2011
5. Хаџиева- Алексиевска Ј., Е. Касапова, Архитект Андреја Дамјанов, Скопје, 2001