У807И/18: Историја на современата архитектура

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностVIII2+26

Наставник: д–р Ана Ивановска Дескова

Цели на предметната програма:

Оспособување на студентите за:

– активно знаење, аналитичен и конструктивен пристап и однос кон градителското (архитектонско, урбанистичко) и уметничкото наследство;

– постепено препознавање, одбирање и евалуација на фактите за трајните и менливи категории и значења на архитектонските концепти во синхрониска и дијахрониска насока;

– прифаќање на пораките од историското наследство како значаен фактор во градењето на личниот градителски јазик и култура.

Содржина на предметната програма:

Предметот ги изучува историско– теориските аспекти на архитектурата и урбанизмот во периодот од крајот на XIX век и првите пробиви на новите концепции сé до 60-тите години на XX век и кризата на Модерната, низ следните аспекти: – Влијанието на општествено-политичкиот, културниот и техничко–технолошкиот контекст врз формирањето на специфични архитектонски, урбани и уметнички концепти; – Настанок, развој, континуитет и трансформации на урбаните концепти и посебните архитектонски типологии; – Елементи на архитектонската композиција и начини на компонирање; – Обликување на архитектурата во зависност од новите технолошки, конструктивни и материјални можности; – Влијанието на уметничките правци на XX век (скулптура, рељеф, ѕидно сликарство и др.) во формирањето на архитектонската мисла на Модерната.

Наставата по предметот се изведува низ следните наставни единици: 1. Вовед / Општествено–политички, културни и техничко–технолошки предуслови за појава и развој на модерната архитектура; 2. Пробив на нови концепции (Чикашка школа, Арт нуво, Виенска сецесија…); 3. Индивидуални творци, предвесници на модерната архитектура (Адолф Лос, Огис Пере, Тони Гарние, Петер Беренс…); 4. Авангардни правци (Кубизам, Експресионизам, Футуризам, Неопластицизам / Де Стијл, Руска авангарда, Нова објективност, Баухаус…); 5. Творештво на големите мајстори на Модерната (Френк Лојд Рајт, Мис ван дер Рое, Валтер Гропиус, Ле Корбизје, Алвар Алто и скандинавскиот регионализам…); 6. Криза на модерната и потрага по нови излези во архитектурата (новиот брутализам, група 10, Архиграм…).

Литература:

1. K. Fremptom, Moderna arhitektura, kritička istorija, Orion, Beograd, 2004

2. S. Giedion, Prostor, vreme, arhitektura, Gradjevinska knjiga, Beograd, 2002

3. М. Токарев, 100 години модерна архитектура I – големите движења и мајстори, Скопје, 2004

4. A. Colquhoun, Modern architecture, Oxford University Press, 2002

5. H. Heynen, Architecture and Modernity, A Critique, The MIT Press, 2000

6. U. Conrads, Programs and Manifestoes of the 20th century architecture, The MIT Press, 1975