У805И/18: Историја на фотографија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностVIII2+26

Наставник: м–р Горан Трпчевски

Цели на предметната програма:

Цел на предметот е запознавање на студентите со историјата на фотографијата, фотографскиот медиум и оспособување за самостојна употреба на фотографскиот медиум/фотографијата.

Содржина на предметната програма:

Почнувајки од самата идеја за „зачувување“ на стварноста, преку камерата опскура и откривањето на фотографијата, до појавата на дигиталната фотографија и проширувањето на фотографскиот медиум, студентот ќе ги согледа различните аспекти на третирањето на фотографијата. Вовед во фотографијата. Преглед на историјата на фотографијата и фотографскиот медиум. (Камера опскура, дагеротипија, феротипија и сл.) Дигитална фотографија. Фото апарат. Принцип на работа на фото апаратот, тело, објектив и карактеристики, бленда и експзиција, осетливост, оштрина, длабинска оштрина. Филм и лабараторија, развивање негатив и правење позитив. Дигитални фото апарати, сензор, резолуција, формати, мемориски картички, обработка на фотографиите. Светломер. Правила на фотографска композиција. Планови, правило на третини, златен пресек, дијагонала, спирала, хоризонтала, вертикала и сл. Симетрична и несиметрична рамнотежа, предни и задни планови, длабина (тродимензионалност) и сл. Светло и боја. Карактеристики на светлото и сенката, температура на боја, white balance, правец на светлото, директно и индиректно (одбиено, дифузно) светло. Што е боја, топли и ладни бои, карактеристики на боите во фотографијата и сл. Жанрови во фотографијата.

Литература:

1. Д. Кажић, Фотографија Основи технике стварања и обраде фотографске слике

Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1999

2. М. Физи, Фотографија, Графички завод Хрватске, Загреб, 1977

3. K. Eismann, S. Duggan, T. Gray, Čarobni svet digitalne fotografije, Kompjuter biblioteka, Čačak, 2005

4. K. Eismann, S. Duggan, T. Gray, Real world of digital photography, Peachpit Press, Berkеlеy, 2004

5. R. Zakia, D. Page, Photographic composition – A visual guide, Focal press, 2015

6. M. Freeman, The photographers mind – Creative thinking for better digital photo, Focal press, 2011