У8023/18: Современа МАКЕДОНСКА уметност 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностVIII4+26

Наставник: д–р Небојша Вилиќ

Цели на предметната програма:

Студентот да стекне знаења за развојот и главните карактеристики на правците во македонската уметност во 19 и 20 век.

Содржина на предметната програма:

Односот кон социјалистичкиот реализам. Бурните педесетти: помеѓу традицијата и модерноста: За уметничките групите (Денес, Мугри, ВДИСТ); Апстракцијата: Лазески, Николовски, Јанкулоски. Шеесеттите години на 20 век: Мазев, Кондовски, Чемерски, Куновски. Концептуалниот дискурс: Шемов и Фиданоски, Милош Коџоман и Драгољуб Бежан, Симон Узуновски, Естетичката лабораторија. Уметноста на осумдесеттите: Светиева, Стефанов, Николоски, Маневски, Павлески, Станковски, Вангели, Шумковски, Цветков, Аџиевски, Групата Зеро. Тековни случувања.

Литература:

1. Петковски, Борис, Современо македонско сликарство, Скопје: Македонска ревија, 1981

2. Петковски, Борис, Студии за современата македонска уметност, Скопје: Македонска цивилизација, 2001

3. Величковски, Владимир, Македонска современа скулптура, Скопје: Македонска книга, 1994

4. Петковски, Борис, За македонската уметност, Скопје: Наша книга, 1989

5. Абаџиева, Соња, Антологија на македонската ликовна уметност, Скопје: Музеј на современата уметност, 1994

6. Вилиќ, Небојша, Валентино Димитровски и Лазо Плавевски (прир.), Прашања за македонскиот модернизам, Скопје: 359°, 2000