У8013/18: Современа светска уметност 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностVIII4+26

Наставник: д–р Небојша Вилиќ

Цели на предметната програма:

Студентот да стекне знаења за развојот и главните карактеристики на правците во светската уметност во 19 и 20 век.

Содржина на предметната програма:

Уметноста и нејзината автономија: Повоената уметност во САД. Индивидуалното наспроти колективното: повоената уметност како производ на „ладната војна“: акциското сликарство на Џексон Полок, Апстрактен експресионизам: Горки, Де Кунинг, Стајл, Мадервел, Франсис; Сликарството на боеното поле: Ротко; Сликарството на острите рабови: Њуман, Рајнхард; Знакот и отвореното дело: Клајн, Готлиб, Тоби. Повоената уметност во Европа: Новиот реализам: Кристо, Цезар, Ротела, Тингели; Асемблаж, сиромашна уметност и неодадаизам; Лирска апрстракција: Волс, Хартунг, Месежје; Енформел: Де Стаел, Пољакоф; Сликарството на материјата: Саура, Тапјес; Спациализмот на Лучо Фонтана; Геометриска апстракција: Вазарели; Хроматска киневизуелност; Британската повоена скулптура: Мур, Хепворт. Уметноста на високиот модернизам: Поп-артот во Европа: Хамилтон и Хокни; Поп-арт во САД: Американското општество како мотив: Ворхол. Дајн, Раушенберг, Лихтенштајн, Олденбург, Сигал, Веселман, Розенквист, Индијана; Оп/арт и кинетичка уметност: Вазарели, Рајли, Калдер, Сото, Екер, Тингели; Нова апстракција: Алберс, Кели, Луис, Ноланд, Стела; Минималистичка уметноста; Амбиентална уметност: хепенинг, перформанс, акција, инсталација; Земјишна уметност (Land Art и Earth Art): Смитсон, Сера, Хајцер, Де Марија, Опенхајм, Дибетс; Концептуална уметност: Косут, Мерц, Хаке, Б. И Х. Бехер, Бојс; Телесна уметност: Опенхајм, Улеј и Абрамовиќ, Науман, Гилберт и Џорџ; Хиперреализам – Фотореализам: Хокни, Перлштајн, Морли, Рихтер, Клоуз, Естес; Видео уметност: Пајк, Фостел, Вајола. Дигиталноста: изменетата позиција на уметноста. Постмодерни правци: Уметноста на осумдесеттите и почетокот на крајот на модерната епоха: цитатна постапка, пастиш, палимсест, „everything goes“, нео/изми; учено сликарство: Абате, Бартолини, Мариани, Галиани; нео-класицизам, нео-барок, нео-маниризам; уметноста на новата слика: германскиот Нов експресионизам: Базелиц, Полке, Липерц, Пенк; Новите диви (Салом, Фетинг), Дан, Докупил, Кифер; француската Нова фигурација: Комба, Блез, Гаруст, Алберола; италијанската Трансавангарда: Киа, Клементе, Паладино, Куки; Новото сликарство во Њујорк: Морли, Сеил, Ротенберг, Шнабел, Фишл; Новата британска скулптура: Крег, Дикон, Вудроу, Вајтрид, Капур, Опи; Pattern & Decoration; Нова геометрија; Уметноста на графитите: Харинг, Шарф; Сов-арт (Перестројка-арт): Комар и Меламид, Ѕвездоточов, Булатов; Етно и малцински прашања: латино, афро и афро-карибска уметност, расни малцинства; феминистичка и геј уметност.

Литература:

1. Argan, Đulio Karlo i Akile Bonito Oliva, Moderna umetnost 1770-1970-2000. Tom 1-2, Beograd: Clio, 2004

2. Stangos, Nikos (ed.), Concepts of Modern Art. From Futurism to Postmodernism, London & New York: Thames and Hudson, 1994

3. Lucie-Smith, Edward, Art Тoday, Oxford: Phaidon, 1996

4. Harrison, Charles and Paul Wood (eds.), Art in Theory 1900-1990. An Anthology of Changing Ideas, Oxford, UK & Cambridge, USA: Blackwell, 1992

5. Stiles, Christine and Peter Selz (eds.), Theories and Documents of Contemporary Arts, Berkeley, Los Angeles, London: University of California Press, 1996

6. Šuvaković, Miško, Pojmovnik suvremene umjetnosti, Zagreb – Ghent: Horetzky – Vlees – Beton, 2005