У6023/18: Национална уметност во турскиот период

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностVI4+26

Наставник: д–р Анета Серафимова

Цели на предметната програма:

Да се стекнат знаења за научниот пристап во проучувањето и толкувањето на уметничката продукција во источнохристијанскиот дел на Балканот, со посебен акцент на Македонија, помеѓу 1453 и 1912 година за време на таканаречениот туркократски период.

Содржина на предметната програма:

Периодизација на поствизантиската уметност (15-18 век): црковни институции, државни формации. Балкански уметнички состојби.: Влахија и Молдавија, Бугарија, подрачјето на Пеќската патријаршија по Обновата (1557), континентална Грција (Метеори и Мистра) и островите. Улогата на Света Гора, Русија, Крит и Венеција. Периодизација на поствизантиска уметност во Македонија (15-18 век). Сликарски ателјеа во 15 век (охридско-костурски) и во 16 век (Јован од Грамоста и Онуфриј Аргитис). Линотопска сликарска школа. Манастирски комплекси и сликарска активност во 17 век. Сликарски работилници и авторски имиња од 18 век: дела во иконопис и живопис. Феноменолошките аспекти на левантскиотбарок и неговиот одраз во уметноста. Одразот на преродбенско-национални тенденции во уметноста: сликари / ателјеа / дела. Од профанизација до реализам.

Литература:

1. А. Николовски, Студии за доцновизантискиот и периодот на Преродбата (XIX век), Каламус, 2010

2. A. Serafimova, Mеdiaeval Painting in Macedonia (9th-18th C.) (pp. 91-125), Ministry of Information, 2000

3. В. Поповска-Коробар, Иконописот во Охрид во 18 век, Култура, 2005

4. Ц. Грозданов, Уметноста и културата на 19 век во Западна Македонија, МАНУ, 2004

5. А. Серафимова, Кучевишкиот манастир Свети Архангели, НИК „Лист“, 2005

6. M. Chatzidakis, Études sur la peinture postbyzantine (достапна и на англиски), Ashgate Publishing, 2007²

7. M. M. Garidis, La peinture murale dans le monde orthodoxe après la chute de Byzance (1450-1600) et dans les pays sous domination étrangère, Eкdotiki Athenon, 1989