У507И/18: Византиски културно-уметнички комонвелт

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностV2+26

Наставник: д–р Анета Серафимова

Цели на предметната програма:

Да се стекнат продлабочени интердисциплинарни сознанија за Византија како културно-општествен феномен, во кој активен и перманентен чинител е словескиот свет, при што ќе биде нагласен придонесот на оваа цивилизација врз европската културна историја на средниот век.

Содржина на предметната програма:

Христијанството како општествено уредување. Јустинијаново време: крај на христијанската антика. Иконоборечка криза и заокружување на византискиот ликовен концепт. Јустинијана Прима – Самоилова патријаршија – Охридска архиепископија. Мисијата на светите Кирил и Методиј: контроверзи и придонеси. Феноменот акултурација. Македонска ренесанса: историски состојби, карактеристики и ликовни репрезенти. Аргументи за комненскиот хуманизам. Палеологовска класика. Феномен наречен македонски стил. Балканот и Источниот Медитеран: трансмитери на цивилизациски вредности од Исток (Византија) кон Запад (Европа).

Литература:

1. R. Cormack, Byzantine Art, Oxford, 2003

2. L. Rodley, Byzantine Art and Architecture: An Introduction, Cambridge University Press, 1996

3. А. Серафимова, В. Поповска-Коробар, Ј. Тричковска, М. М. Машниќ, Христијански споменици, УНЕСКО-Венеција и Управа за заштита на културното наследство, 2009

4. Д. Оболенски, Византијски комонвелт (стр. 243-445), Просвета – СКЗ, 1991

5. J. W. Janson, “Vizantiska umetnost”, Istorija umetnosti (pp. 169-183), Jugoslavija, 1975

6. Г. Старделов (ур.), Ликовната уметност на почвата на Македонија од IX до крајот на XIX век, кн. 20-21, МАНУ, 2010/11