У205И/18: Основи на античката архитектура 2
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја на уметност | II | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Дафина Герасимовска
Цели на предметната програма:
Стекнување знаења за развитокот на античката архитектура. Развивање на вештината за препознавање на темелните карактеристики на античките архитектонски споменици, врзани за урбаните и руралните населби, а втемелени врз искуствата од раноантичкиот период. Запознавање со основни елементи, видови и форми што ќе им помогне на студентите по археологија и историја на уметноста во разликувањето на градежните структури и објекти, применувајќи ги овие сознанија во истражувањата.
Содржина на предметната програма:
Краток преглед на етрурските населби и архитектура. Организација на урбаните и руралните населби како и воведување на бројни нови начела на изградба во Римската империја. Градежни материјали, техники на градење, конструктивни и декоративни елементи, архитектонски стилови, профани и сакрални градби на италска почва, во северна Африка, во источните и западните провинции и во Р. Македонија. Градежните иновации воведени како резултат на турбулентните времиња во доцноантичкиот период.
Литература:
1. J. P. Adam, Roman Building: Materials and Techniques, London – New York, 2003
2. И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, МАНУ, Скопје, 1999
3. A. Boëthius, Etruscan and Early Roman Architecture, New Haven, London, 1994
4. H. Stierlin, The Roman Empire, From the Etruscans to the Decline of the Roman Empire, Taschen
5. M. Suić, Antički grad na istočnom Jadranu, Golden marketing, Tehnička knjiga, Institut za arheologiju, Zagreb, 2003
6. Д. Герасимовска, Улогата на живеалиштето во културата на живеење низ антиката во РМ, Каламус / Филозофски факултет, Скопје, 2009