У105И/18: Основи на античката архитектура 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностI2+26

Наставник: д–р Дафина Герасимовска

Цели на предметната програма:

Стекнување знаења за зачетоците и развитокот на античката архитектура како дел од материјалната култура и уметност. Основни архитектонски елементи, видови и форми, што ќе им помогне на студентите по археологија и историја на уметноста во препознавањето, определување на значењето, функцијата и датацијата на откриеното културно наследство.

Содржина на предметната програма:

Краток преглед на архитектурата кај егејските цивилизации. Појава, организација и развиток на урбаните и руралните раноантички населби. Градежни материјали, конструктивни и декоративни елементи, архитектонски стилови, сакрални и профани градби во Грција и нејзините колонии. Истакнати градби од раноантичкиот период во медитеранските простори. Преглед на раноантичката, предримска архитектура и населби во Р. Македонија.

Литература:

1. Д. Герасимовска, Основи на античката архитектура – Македонија и Медитеранот, Каламус /  Филозофски факултет, Скопје, 2011

2. И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, МАНУ, Скопје, 1999

3. J. Whitley, The Archaeology of Ancient Greece, Cambridge University Press, 2004

4. B. Milić, Razvoj grada kroz stoljeća; prapovijest – antika, Školska knjiga, Zagreb, 1994

5. M. Milićević Bradač, Stara Grčka: Grci na Crnome Moru, Školska knjiga, Zagreb, 2004

6. H. Stierlin, Greece, From Mycenae to the Parthenon, Taschen, 1997