ЛФ306И/18: Француска книжевност 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Латински јазик и античка книжевностIII2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Способност за критичко перципирање на француската литература низ методите на историско-хронолошкиот приод. Способност за критичко перципирање на особеностите на книжевните правци и текови во контекст на француската литература. Способност за критичко перципирање на особеностите на книжевните родови и жанрови.

Содржина на предметната програма:

Краток преглед на развојот на француската литература од нејзините почетоци (Среден век) заклучно со 18 век, односно периодот на просветителството. Особеностите на книжевните правци и движења карактеристични за француската книжевна историја: средновековна литература (епска книжевност, дворјанска книжевност, граѓанска книжевност, средновековен театар – религиозен и комичен, алегорична и дидактичка книжевност, средновековен лиризам – Франсоа Вијон); литература на хуманизмот и ренесансата (Рабле и гротескниот реализам, школата на Плејадата, Монтењ и есеите) литература на барокот и класицизмот (особености на поетиката на класицизмот – Никола Боало); филозофската мисла и литературата на просветителство.

Литература:

1. Darcos, Xavier, Histoire de la littérature française, Hachette éducation 2013

2. Bergez Daniel, Paupert Anne et al., Précis de littérature française, Arman Colin 2009

3. Deshusses, Pierre et autres., Dix siècles de littérature française. Du Moyen Age au XVIIIe siècle, Paris, Bordas 1984

4. Léonard, M. Got, O., Histoire de la literature française . Coll. Henri Mitterand. Tome I et II. Paris, Nathan 1988

5. Džakula Branko (ured.), Francuska književnost. Knjiga 1,2,3,4. Svetlost Saraevo, Nolit Beograd 1972

6. Narteau, C. Nouailhac, I., Littérature française : Les grands mouvements littéraires du Moyen-Age au XXe siècle, J’ai lu 2012