ГМ304И/18: Правопис и правоговор со фонетика и фонологија на СМЈ
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Старогрчки јазик и античка книжевност | III | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Усвојување на правописните правила на македонскиот литературен јазик. Здобивање способност за користење на Правописниот и на Толковниот речник на македонскиот јазик. Совладување на знаења за врската меѓу македонската фонетика и правопис и за принципите на македонскиот фонетски / фонолошки правопис. Совладување и правилно користење со фонетскиот и фонолошкиот систем на СМЈ, акцентот на зборот, акцентска целост, клитичкиот израз на СМЈ, интонација на фразата и на текстот на СМЈ. Совладување на правилна дикција.
Содржина на предметната програма:
Правопис/правоговор: Гласовни промени. Едначење по звучност. Употреба на голема буква. Слеано и разделено пишување. Скратеници. Транскрипција на туѓите имиња. Правописни и интерпункциски знаци. Усвојување и правилен изговор на акцентот на одделните зборови, акцентски целости и клитички изрази. Фонетика наспрема фонологија. Артикулациска и акустичка фонетика. Типови гласови во македонскиот стандарден јазик. Поделба на гласовите. Фонолошкиот систем на СМЈ. Супрасегментална фонологија: слог, акцент, интонација, гласовна организација на текстот.
Литература:
1. Ирена Савицка, Људмил Спасов, Фонологија на современиот македонски стандарден јазик, Детска радост, Скопје 1997
2. Правопис на македонскиот литературен јазик, Институт за македонски јазик „Крсте 2016 Мисирков“
3. Искра Пановска-Димкова, Практикум по правопис со правоговор на македонскиот литературен јазик, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје 2010
4. Кирил Конески, Правописен речник на македонскиот литературен јазик, Просветно дело, Скопје 1999
5. Блаже Конески, Граматика на македонскиот литературен јазик, Култура, Скопје 1987