Л302З/18: Античка драма

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Латински јазик и античка книжевностIII4+26

Наставник: д–р Весна Томовска

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за генеричката специфика на поетичкиот облик драма и за неговите развојни промени низ дијахроно и компаративно проследување на некои значајни претставници на хеленската и римската драма.

Содржина на предметната програма:

Античкиот театар и култот на богот Дионис. Генеричките особености на хеленската трагедија. Хеленските трагедиографи: Ајсхил, Софокле, Еврипид. Хеленската комедија: стара атичка комедија (Аристофан) и новата атичка комедија (Менандар). Римска драма. Римска трагедија (Пакувиј, Акиј), ателана (Помпониј, Невиј), тогата (Титиниј, Афраниј) и палијата (Плаут, Терентиј).

Литература:

1. Storey, Ian C., Arlene Allan, A guide to Greek Drama, Blackwell 2005

2. Gregory, J. (ed.), A companion to Greek tragedy, Blackwell 2008

3. Segal, E., Oxford Readings in Menander, Plautus and Terence, Oxford 2005

4. Ќулавкова, К. (прир.), Поимник на книжевната теорија, МАНУ 2007

5. Sommerstein, A. H., Greek Drama and Dramatists, London 2002