ГМ404И/18: Морфологија на современиот македонски јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностIV2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Студентите се запознаваат со зборот како поим во јазикот и со неговата граматичка структура; со граматичкото и лексичкото значење на зборот и со граматичките категории и нивната реализација во рамките на зборовните групи. 1. Способност за анализа на морфемско и на морфолошко рамниште; 2. Продлабочени познавања на структурата на зборот и на граматичките категории; 3. Упатеност во граматичките категории и начините на нивно изразување.

Содржина на предметната програма:

Местото на морфологијата во лингвистичките дисциплини. Поим за зборот како предмет на проучување на морфологијата. Основните поими во морфологијата (морфа, аломорфа, морфема, збороформа). Лексичко и граматичко значење на зборовите. Начини на изразување на граматичките значења. Преглед на именските зборови: – именки (класификација на именките, граматичката категорија род кај именките, граматичката категорија број кај именките, граматичката категорија определеност / неопределеност кај именките; членот како морфолошки показател на категоријата определеност кај именките, вокативна форма кај именките); – придавки (класификација на придавките, граматичките категории род и број кај придавките, придавки непарадигматски по род и број, граматичката категорија определеност/неопределеност кај придавките, категоријата степен кај придавките, форми на придавките); – заменки ( класификација на заменките – лични заменки, форми на личните заменки и нивната употреба, лично-предметни заменки, показни заменки, граматички категории кај заменките); – броеви (броеви за изразување определена бројност и за изразување приближна бројност, граматички категории кај броевите); – прилози (поим за прилози, потекло на прилозите, структура на прилозите, значење на прилозите) Поим за глаголот како зборовна група. Морфемска структура на глаголот во македонскиот јазик. Граматички категории кај глаголот ( преодност, повратност, време, начин, вид, лице, залог, род, број). Класификација на глаголите. Прости глаголски форми: сегашно време (презент), минато определено несвршено време (имперфект), минато определено свршено време (аорист), заповеден начин (императив), глаголска л-форма, глаголска именка, глаголска придавка, глаголски прилог. Сложени глаголски форми: минато неопределено свршено и несвршено време (перфект), предминато време (плусквамперфект), идно време (футур), минато-идно време, идно прекажано време, можен начин (потенцијал), има / нема конструкции, сум конструкции. Предлози (препозиции), поим, структура, функции. Сврзници (коњукции), поим, поделба според структурата, според функцијата. Честички (партикули), поим, функција на честичките.

Извици (интерјекции), поим, функции во реченицата. Модални зборови, поим за модални зборови, функции на модалните зборови во реченицата.

Литература:

1. Конески, Бл., Граматика на македонскиот литературен јазик, Детска радост, Скопје 2. Бојковска С., Минова-Ѓуркова Л., Пандев Д., Цветковски Ж., Општа граматика на македонскиот јазик, Просветно дело, Скопје 2008

3. Паноска, Р., Современ македонски јазик, УКИМ, Скопје 1987

4. Тополињска, З., Граматика на именската група во македонскиот литературен јазик, МАНУ, Скопје 1974

5. Минова-Ѓуркова, Л., Синтакса на македонскиот стандарден јазик, Магор, Скопје 2000