ГФ605И/18: Граматика на францускиот јазик 4
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Старогрчки јазик и античка книжевност | VI | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Наставата има за цел да им овозможи на студентите да го усвојат фонетскиот систем, елементите на комбинаторна фонетика и на прозодијата во францускиот јазик; да ги оспособи студентите за правилен изговор на францускиот јазик. Компетенции: Способност за перцепција и продукција на гласовниот систем на францускиот јазик. Способност за правилен изговор со сите прозодиски особености на францускиот јазик. Способност за примена на стекнатото знаење од областа на француската фонетика во наставата по француски јазик.
Содржина на предметната програма:
Консонантскиот систем на францускиот јазик. Разликувачки признаци кај согласките. Оклузиви. Назали. Ликвиди. Фрикативи. Полуконсонанти. Аспирирано h. Комбинаторна фонетика. Консонантска асимилација. Слог. Поврзување на зборовите. Поврзувачки согласки. Прозодија: акцент; ритам; ритмичка група; интонација.
Литература:
1. Malmberg B., Phonétique française, Liber Laromedel, Malmo 1976
2. Leon P., Phonétisme et prononciations du français, Nathan 1996
3. Pagniez-Delbart, T., A l’écoute des sons. Les voyelles. Les consonnes, CLE International, Paris 1990
4. Abry D., Chalaron M. L., Les 500 exercices de phonétique, Hachette 2009
5. Kaneman-Pougatch M., Pedoya-Guimbretière E., Plaisir des sons, Hatier Didier 1991
6. Charliac, L., Motron, A., Phonétique progressive du français, CLE International, Paris 1999