ГФ604И/18: Француски јазик 4

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностVI2+66

Наставник:

Цели на предметната програма:

Стекнување на дополнителни граматички, лексички и комуникативни вештини. Развивање на способност за синтетизирање на информации од поединечни текстови. Способност да се издвои (низ усмено и писмено изразување) главната информација во текстови од различни области од секојдневниот и општествениот живот. Оспособување за составување резимеа на текстови преку техники на реформулирање.

Содржина на предметната програма:

Тематски: општествени, пријателски и професионални односи; личен став поврзан со информации од медиумите; здравје и спорт; користење интернет … Граматички: специфики на употреба на одредени глаголски начини: условен, конјунктив, инфинитив. Усовршување и усвојување на техниката на резимирање на текст (барање синоними и преформулирање) и составување резиме со правилна употреба на конекторите. Преведување во двете насоки. Диктат.

Литература:

1. C. Dollez, S. Pons, Alter ego 3 (учебник и раб. тетратка) Hachette 2013

2. Robert Menand, Le Nouveau taxi 3 (учебник и раб. тетратка) и други Hachette 2010

3. Charnet, C; Robin-Nipi, J., Grammaire expliquée du français, CLE International 2002

4. Charnet, C; Robin-Nipi, J., Rédiger un résumé, un compte rendu, une synthèse, Hachette 1997

5. Gohard – Radenkovic, L’écrit, stratégies et pratiques, CLE International 1995

6. Savoir rédiger Larousse – Livres de bord 2001

7. Интернет страници http://www.bonjourdefrance.com/ http://www.francaisfacile.com / http://www.lefrancaispourtous.com/