ГМ606И/18: Социолингвистика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностVI2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Синтетизирани сознанија за општествената димензија на јазикот (јазично раслојување). Упатеност во соодветнататерминологија. Изградување критички став за потребата да се негува јазичниот стандард, но и да се почитува варијантносга во јазикот.

Содржина на предметната програма:

Се изучуваат основите на социолингвистиката преку дефинирање на областа и на предметот на социолингвистичките истражувања. Јазикот и општеството; билингвизам и мултилингвизам, јазикот и варијантноста, интерференции (меѓујазични влијанија); престижни јазични обрасци. Статусот на јазичниот стандард во јавната комуникација. Јазичен супстандард. Сите теми ќе бидат поткрепени со илустрации и материјал од македонската јазична средина.

Литература:

1. Hudson, R., Sociolinguistics, Cambridge: Cambridge University Press 1996

2. Група автори, Македонски социолингвистички и филолошки теми (зборник) Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје

3. Симона Груевска- Маџоска, Социолингвистички огледи, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

4. Референтни статии на избрани теми