ГМ604И/18: Лексикологија со фразеологија на современиот македонски јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностVI2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со речничкиот фонд на македонскиот јазик и да ги откриваат значењата на зборовите. Да се запознаат со фразеолошкото богатство на македонскиот јазик, но и со меѓународната фразеологија.

Содржина на предметната програма:

Лексикологија. Семантички односи меѓу лексемите (синонимија, антонимија, хомонимија, паронимија).Класификации на лексиката во македонскиот јазик. Лексикографија. Видови речници. Основни поими од фразеологијата. Дефиниција на фраземата. Класификација на фраземите. Фразеографија.

Литература:

1. Велјановска К., Фразеолошките изрази во македонскиот јазик (со осврт на соматската фразеологија), Македонска ризница 2006

2. Паноска Р., Современ македонски јазик, УКИМ 1987

3. Јашар-Настева О., Турските елементи во македонскиот јази,к ИМЈ 2000

4. Мургоски З., Речник на македонскиот јазик, ФФБК 2005

5. Група автори, Толковен речник на македонскиот јазик, ИМЈ 2005-2015

6. Димитровски Т., Ширилов Т., Фразеолошки речник на македонскиот јазик, Огледало (три тома) 2003,2008, 2009