ЛФ804И/18: Француски јазик 6

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Латински јазик и античка книжевностVIII2+66

Наставник:

Цели на предметната програма:

– Оспособеност за разбирање и презентирање на главните идеи во писмени и аудио-визуелни автентични документи од актуелни теми од различни области и различни извори (француски печатени медиуми, TV5, RFI, …) во стандарден француски јазик и препознавање на различни јазични регистри .

– Оспособеност за кохерентно усно и писмено реагирање во одредени ситуации, и способност за земање учество без подготовка во конверзација на теми од секојдневниот живот.

Содржина на предметната програма:

Вовед во техниките за синтеза на текст (писмена и усна анализа) врз основа на документи и текстови од општествени науки, литературни, есеистички и критички текстови. Писмено и усно разбирање на текстови, аудио- визуелни материјали превземени од франкофонски медиуми и други извори со работа на покомплексни граматички и лексички вежби.Реформулирање на делови од текст. Препознавање на различни регистри на јазикот.

Писмено и усно искажување на свој став во врска со актуелни теми со употреба на конектори. Усно изразување во интеракција, преку експозеа, дебати. Преведување реченици со специфични граматички и лексички содржини и диктат. Обработка на филмови и книги со актуелни теми.

Литература:

1. C. Dollez; S. Pons Alter Ego 3 / 4и/ или други француски методи Hachette 2008

2. M. Boularès, J-L. Frérot Grammaire progressive du français avec 400 exercices –Niveau avancé CLE International 1997

3. Дела од современи француски и франкофонски автори

4. S. Poisson-Quinton, R. Mimran, M. Le Coadic, Grammaire expliquée du français, CLE International 2002

5. Интернет страници http://apprendre.tv5mon de.com/ http://www.bonjourdefr ance.com/ и други

6. Claire Leroy-Miquel, Vocabulaire progressif du français, CLE International 1999