ЛФ706И/18: Француска книжевност 5

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Латински јазик и античка книжевностVII2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Способност за анализа на најзначајните романескни остварувања на 19 век и нивно согледување во контекст на особеностите на романтизмот и реализмот како доминантни литературни движења на векот. Способност за иницијација во методите на читање и техниките на експликација на текст (романот како жанр). Развој на интелектуална автономија и способност за истражувачка работа.

Содржина на предметната програма:

Француски роман на 19 век. Прозата во времето на романтизмот. Виктор Иго и романот со социјално-историска инспирација, Клетници. Преод од романтизам кон реализам и француската концепција за le roman d’apprentissage – Стендал и субјективниот реализам: Црвено и Црно; Балзак и отсликување на буржоаското општество: Чичко Горио. Романот во времето на реализмот: Флобер и неговата визија за убавото: Г-ѓа Бовари. Романот во времето на натурализмот: Зола и експерименталниот роман: Жерминал. Расказите на Ги де Мопасан и неговата концепција за „le réalisme illusionniste“.

Литература:

1. Coll. Henri Mittérand, Histoire de la literature française, Tome II Paris, Nathan 1988

2. Vaillant, A., Bertrand J-P et al., Histoire de la literature française du XIXe siècle Paris, Bordas 2007

3. Lagarde, A. Jeanne, XIXe siècle, Paris, Bordas 2004

4. Raimond, M., Le roman depuis la Révolution, Paris, A. Colin 1967

5. Coll. Henri Mittérand, Littérature – Textes et documents, Tome IV et V Age au XVIIIe siècle, Paris, Nathan 1988

6. Berthier P., Jarrety M., Histoire de la France littéraire/ Modernités XIXe – XXe siècle, Tome Paris, PUF 2006