ГМ705И/18: Историја на македонскиот јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностVII2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

1. Запознавање со развојните процеси на вокалниот, консонантскиот и морфонолошкиот систем на македонскиот јазик од стариот и новиот период.

2. Запознавање со развојот на граматичкиот, зборообразувачкиот и лексичкиот систем на македонскиот јазик.

Содржина на предметната програма:

1. Развој на фонолошкиот систем на стариот и новиот период. Развој на вокалниот и консонантскиот систем. Морфонолошки појави.

2. Модели на реченици и синтагми. Имиња. Членот. Глагол. Глаголски конструкции. Продуктивни начини на зборообразување. Основни фази во развојот на речникот на македонскиот јазик. Контакти во речникот со балканските јазици.

Литература:

1. Конески, Блаже, Историска фонологија на македонскиот јазик = A historical phonology of the macedonian language Култура Скопје, 2001

2. Конески, Блаже, Историја на македонскиот јазик, Култура Скопје, 1986

3. Конески, Кирил, Велковска, Снежана и др., Толковен речник на македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје, 2003 – 2014

4. Пеев, Коста, Речник на македонските говори во југоисточниот егејски дел ¼, НИП „Студентски збор“ Скопје, 2001 / 2006