ЛФ505И/18: Граматика на францускиот јазик 3
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Латински јазик и античка книжевност | V | 2+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Наставата има за цел да ги запознае студентите со основите на фонетиката и фонологијата на францускиот јазик, да ги оспособи да се користат со фонетска транскрипција, да го усвојат фонетскиот систем. Компетенции: Способност за перцепција и продукција на гласовниот систем на францускиот јазик. Способност за правилен изговор со сите прозодиски особености на францускиот јазик. Способност за примена на стекнатото знаење од областа на француската фонетика во наставата по француски јазик.
Содржина на предметната програма:
Предмет на проучување на фонетиката. Гранки на фонетиката. Гранки на дескриптивната фонетика. Фонологија. Говорни органи. Фази во изговорот на гласовите. Физиолошки критериуми на класификација на гласовите. Елементи на акустичката фонетика. Елементи на гласот. Фонетска транскрипција и други дијакритички знаци. Некои прашања од општата фонологија. Фонема: дефиниција и функции. Варијанти. Разликувачки признаци кај фонемите. Тест на комутација и минимален пар. Неутрализација. Вокалскиот систем на францускиот јазик. Разликувачки признаци кај самогласките.
Литература:
1. Malmberg B., Phonétique française, Liber Laromedel, Malmo 1976
2. Leon P., Phonétisme et prononciations du français, Nathan 1996
3. Carton F., Introduction à la phonétique du français, CLE International, Paris 1974
4. Abry D., Chalaron M.L., Les 500 exercices de phonétique, Hachette 2009
5. Kaneman-Pougatch M., Pedoya-Guimbretière E., Plaisir des sons, Hatier Didier 1991
6. Landercy A., Renard R., Eléments de phonétique, Bruxelles, Didier 1977