ГМ505И/18: Дијалектологија на македонскиот јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностV2+26

Наставник:  

Цели на предметната програма:

Студентите стекнуваат познавања за основните македонски наречја и за говорите кои ги сочинуваат. Тие исто така се стекнуваат и со познавања за начините на изведување на дијалектолошки истражувања и обработка на дијалектниот материјал.

1. Способност за препознавање и разграничување на основните дијалектни комплекси на македонскиот јазик.

2. Способност за вршење анализа во однос на специфичните карактеристики на говорите од македонскиот дијасистем.

3. Способност за пренесување на знаењето во однос на прегледот и поделбата на македонските дијалекти.

Содржина на предметната програма:

Во овој курс се обработуваат основните термини со кои се сретнува дијалектологијата, како на пр. : дијалект, гвовор, наречје и сл. Потоа се обработуваат некои прашања од историјата на македонската дијалектологија. Главниот дел на курсот се состои во прегледот на македонските дијалекти – се опишуваат основните карактеристики на западното и југоисточното наречје и на северните говори, а потоа се оди на преглед на сите говори кои ги сочинуваат основните наречја. Се обработуваат говорите од западното наречје, југоисточното наречје како и северните говори.

Литература:

1. Марјан Марковиќ (приредувач), Преглед на македонските дијалекти (Дијалектологија на македонскиот јазик 1), Филолошки факултет “Блаже Конески”, (второ издание) 2008

2. Марјан Марковиќ (приредувач), Дијалектологија на македонскиот јазик 2, Филолошки факултет “Блаже Конески” 2007

3. Божидар Видоески, Дијалектите на македонскиот јазик – Том 1, МАНУ, Скопје 1999

4. Божидар Видоески, Дијалектите на македонскиот јазик – Том 2, МАНУ, Скопје 1999