ГМ504И/18: Зборообразување на современ македонски јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Старогрчки јазик и античка книжевностV2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Воведување во теоријата на зборообразувањето како посебна научна дисциплина, преглед на основните зборообразувачки модели во македонскиот јазик. Преглед на зборообразувачките типови и воведување во ономазиолошко-синтаксичката структура на изведенките.

1. Познавање и разбирање на основните теоретски поими од областа на зборообразувањето.

2. Идентификација и анализа на изведените зборови од структурен и од семантички аспект.

3. Познавање на зборообразувачкиот систем на македонскиот јазик.

Содржина на предметната програма:

Основни поими во зборообразувањето. Начини на збогатување на речничкиот состав во македонскиот јазик. Основни начини на зборообразување (семантичко зборообразување, срастување, синтаксичка конверзија, афиксен начин на зборообразување). Развој на зборообразувањето во словенските јазици. Морфема и видови морфеми. Поимот мотивиран (изведен) збор (изведенка, дериват). Видови зборообразувачка мотивација. Зборобразувачки единици. Класификација на изведенките (мутациски, транспозициски, модификациски). Образување на именките. Именки добиени преку суфиксација (називи на дејства, називи на апстрактни особини, називи на вршители на дејства, називи на орудија (средства) за вршење дејства, називи на објекти на дејство и резултати на дејство, називи на носители на особини, називи на места, називи на множества, називи на женски суштества, деминутивно-хипокористични називи, аугментативно-пејоративни називи). Именки образувани со префиксација, префиксно-суфиксни образувања, именки добиени со композиција (сложување на две основи). Образување на придавките. Придавки добиени со суфиксација, со префиксација, придавки образувани со префиксација и суфиксација, придавки образувани со сложување. Образување на глаголите. Глаголи образувани со суфиксација, со префиксација. Глаголи образувани со префиксација и суфиксација. Глаголи образување со сложување.

Литература:

1. Велева, С., Тенденции во зборообразувањето во македонскиот јазик, Скопје 2006

2. Велева, С., Зборообразувањето во поезијата на Гане Тодоровски, Скопје 2000

3. Конески, К., Зборообразувањето во современиот македонски јазик, Скопје 2003

4. Конески, Бл., Граматика на македонскиот литературен јазик, Детска радост, Скопје 1999

5. Бојковска С., Минова-Ѓуркова Л., Пандев Д., Цветковски Ж., Општа граматика на македонскиот јазик, Просветно дело, Скопје 2008