КА507И/18: Антички куси книжевни форми
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Класична филологија | V | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Ратко Дуев
Цели на предметната програма:
Се стекнува знаење за потеклото и развојот на различните видови куси книжевни форми во хеленската и во римската книжевност, како што се басната, загатката, афоризмите и сентенциите, како и способност за нивно дефинирање и препознавање во рамките на подолгите книжевни дела од антиката.
Содржина на предметната програма:
Улогата на афоризмите и поговорките во книжевните текстови. Загатките и нивната поврзаност со симпотичката традиција. Басната на Ајсоп и влијанието во европската традиција. Философијата и афоризмите. Прирачникот на Епиктет. Комедијата како извор на сентенции.
Литература:
1. М. Ђурић, Историја хеленске књижевности, Завод за уџбенике и наставна средства Србије, Београд, 1986
2. Будимир – Флашар, Преглед римске књижевности, Завод за издавање уџбеника Народне Републике Србије, 1963
3. Ben Grant, The Aphorism and Other Short Forms, Routledge, 2016
4. Ајсоп, Басни (превод од старогрчки В. Софрониевски), Три, Скопје, 2008
5. Кратки блескави мисли, (избор и превод од латински Љ. Басотова) Три, Скопје, 2003
6. Флавиј Аријан, Прирачникот на Епиктет (превод од старогрчки В. Митевски), Матица Македонска, 2008