КВ506И/18: Старословенски јазик

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Класична филологијаV2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Старословенски јазик е основниот предмет на сите славистички ориентирани студии во светот, како и составен дел од словенската медиевистика. Преку содржините на овој предмет студентите се запознаваат со почетоците на писменоста кај Словените, со првите книжевби споменици и граматичката структура на јазикот на којшто се напишани. Граматиката на старословенскиот јазик е основа за совладување на сите современи словенски јазици, како и помош за навраќање кон прасловенските и индоевропските реконструкции.

Содржина на предметната програма:

Историјат на постанокот на старословенската писменост. Старословенски азбуки: глаголица и кирилица. Споменици: книжевни и епиграфски. Варијанти на црковнословенскиот. Фонологија. Вокалски промени: воализација на еровите, превој, метатеза. Промени во консонантскиот систем: палатализации, јотувања. Морфологија. Именки. Основи на именките. Заменки. Палатална и непалатална промена. Придавки. Проста и сложена промена. Броеви. Прилози. Синтакса на падежните форми. Глаголи. Класификација на глаголите. Презент. Аорист. Имперфект. Именски форми на глаголите. Сложени глаголски форми. Значење и употреба на времињата. Вежби: читање, превод и морфолошка анализа на библиски текстови. Работа со речник и запознавање со лексиката.

Литература:

1. Угринова-Скаловска, Р., Старословенски јазик, УКИМ, Скопје 1997

2. Црвенковска, Е., Старословенска читанка, УКИМ, Скопје 2015

3. Вайан, А. Руководство по старославянскому языку, ИЛ, Москва 1952

4. Поленаковиќ, Х., предговор, Угринова- Скаловска, Р. Превод, Панонски легенди, Македонска книга, Скопје 1969

5. Велев, И., Макаријоска, Л., Црвенковска, Е., Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо, ИМЈ, Скопје 2008

6. Илиевски, П. Хр., Појава и развој на писмото, МАНУ, Скопје 2006