СС801З/18: Семејна, брачна едукација и комуникација
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | VIII | 3+2 | 5 |
Наставник: д–р Македонка Радуловиќ
Цели на предметната програма:
Студентите да се запознаат со основите на семејната и брачна едукација како образување на младите луѓе за бракот, брачните вредности и односи. Да научат комуникациски и емотивни вештини потребни во односот со партнерот и децата, како и начини на справување во кризни ситуации и разрешување на проблеми и конфликти. Главната цел е тие да се оспособат да вршат ваков тип на едукација во училишта или да спроведуваат обуки на млади луѓе кои треба да склучуваат брак и да оформуваат семејства.
Содржина на предметната програма:
I дел: Поим за семејна и брачна едукација, Структура на семејната и брачната едукација, Цели на семејната и брачна едукација, Потребата од семејна и брачна едукација, Ефекти од семејната и брачна едукација (меѓународни искуства и истражувања), Комуникациски вештини и техники. II дел: Состојби во Република Македонија, Образовен систем во Република Македонија, Образовните институции како едни од најзначајните фактори за функционирањето на семејството и семејните институции, Семејни и брачни советувалишта, Програмирање и имплементација на програма за семејна и брачна едукација во Република Македонија.
Литература:
1. James J. Ponzzeti Jr., Evidence-based Approaches to Relationship and Marriage Education (Textbook in Family Studies), Routledge 2016
2. H. Elizabeth Peters and Claire M. Kamp Dush, Marriage and Families – Perspectives and Complexities, Columbia University Press, 2009
3. Jenifer Kunz, Think Marriages and Families, Pearson 2012
4. Петре Георгиевски, Социологија на образованието, Веда, 1999