СС605И/18: Семејството и малолетничката деликвенција
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | VI | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Киткањ
Цели на предметната програма:
Стекнување на знаења за етиолошките и феноменолошките аспекти на малолетничката делинквенција, влијанието на семејството врз појавата на малолетничка деликвенција, како и запознавање со современите правни и други општествени реакции на престапничкото однесување кај децата и младите.
Содржина на предметната програма:
Малолетничка деликвенција во потесна и поширока смисла; Терминолошки проблеми во одредувањето на поимот малолетничка деликвенција; Асоцијално однесување кај децата и младите; Прекршочно однесување кај малолетните лица; Феноменологија на малолетнички криминалитет; Насилство во училиштата; Причини за малолетничко престапништво и воспитна запуштеност на децата; Семејството како криминоген фактор – семејно-материјалните прилики кај малолетните престапници и воспитно-запуштените деца; Дефициентни семејства и семејства со социо-културна депривација; Концепт на функционалноста и дисфункционалноста; Типологија на семејството според неговата функционалност; Социјално-патолошки појави во семејството; Био-психо-социјални карактеристики кај малолетните престапници и воспитно-запуштените деца; Кривичноправна одговорност и способност за вина кај малолетните лица; Класификација на децата и младите сторители на кривични дела; Подготвителна постапка кај децата во судир со законот; Кривично-правна постапка кај малолетните лица; Алтернативни (диверзиони) мерки на реакција на малолетнички криминалитет; Санкции за малолетните сторители на кривични дела.
Литература:
1. Киткањ, З., Престапничко однесување кај малолетните лица, Филозофски Факултет, УКИМ, Скопје 2014
2. Jašović, Z., Kriminologija maloletničke delikvencije, Naučna knjiga, Beograd, 1991
3. Milutinović, M., Aleksić, Z., Maloletnička delikvencija, Naučna knjiga, Beograd, 1989
4. Singer, M. I., Todorović Mikšaj Lj., Delinkvencija mladih, 2 izd., Globus, Zagreb 1993
5. Kambovski, V., Komparativna analiza na maloletničkoto zakonodavstvo, UNICEF, 2004
6. Bashikj, J., Koller-Trbović N., Uzelac, S. (ur.), Poremećaji u ponašanju i rizična ponašanja – pristupi i pojmovna određenja, Edukacijsko-rehabilitacijski fakultet Sveučilišta u Zagrebu, Zagreb, 2004
7. Singer, M. Kazneno pravna odgovornost i zaštita mladih, Zagreb, Globus 1998
8. Singer, M., Kovčo Vukadin, I., Cajner- Mraović, I., Kriminologija, Zagreb, Globus 2002