СС604И/18: Традицијата во европските и македонските семејства

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииVI2+26

Наставник: д-р Македонка Радуловиќ

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со постоењето, одржувањето, негувањето и видоизменувањето на традицијата во европските и во македонските семејства. Преку компаративен пристап да можат да ги согледаат сличностите и разликите од аспект на присуство на традицијата меѓу европските и македонките семејства. Да го проценат влијанието на глобалните промени врз традицијата, како и влијанието на традицијата врз развојот на семејството.

Содржина на предметната програма:

I дел: Основни определувања: Семејство (дефиниција, функции,модерни трендови), Традиција (дефинирање, практикување, процеси и промени), Традицијата во европското семејство, Традицијата во македонското семејство. II дел: Области на семејниот живот во кои е присутна традицијата: Авторитет, Архива, Брачни односи, Богатство, Библиотека, Начин на брачна понуда, Бонтон, Број на деца, Семеен дневник, Семејна демократија, Доживотно издржување, Семеен буџет, Семејна гробница, Имиња во семејството, Семеен лекар, Мираз, Морал, Наследување, Тестамент, Професионална ориентација и т.н. III дел: Споредбен преглед на присутност на традицијата кај европските семејства, Современи закани / предизвици на традицијата, Нови семејни вредности.

Литература:

-Македонка Радуловиќ, Традицијата во европските и македонските семејства, Култура, 2014

-Meg Cox, The Book of New Family Traditions, Paperbag, 2012

-Loek Halman, Inge Sieben, Marga Zundert, Atlas of European Values, Trends, and Traditions at the turn of the Century, Brill Online Books and Journals, 2012

-Филип Андревски и С. Михајловска, Културата во семејството, Ф-М-Б, 2006