СС603З/18: Управување со семејните ресурси и финансии

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииVI3+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Стекнување на знаења за начинот и формите на организирање и управување со семејните ресурси и финансии, обезбедување на семејните ресурси и финасии, рационално користење, планирање на ресурсите и финансиите во семејството, извори на средства, нивна намена и цели, буџетирање, личен и семеен буџет, проблеми во управувањето со семејните финансии.

Содржина на предметната програма:

Обезбедување и користење на ресурсите во семејствата, организација и користење на времето, парите и човечкиот капитал за постигнување на повисок стандард и подобар квалитет на животот во семејството, планирање и донесување на одлуки за употреба на ресурсите и финансиите, управување со вредностите, целите и интересите на семејството од материјални и финасиски аспекти, управување со личните и со семејните буџети и финансии, семејни односи и финансиите во специфични услови (старост, раѓање деца, болест, развод на брак, задолженост), влијанието на екстерните фактори врз управувањето со семејните ресурси и финансии, јавни политики и програми и можности за нивно користење од семејствата.

Литература:

1. Јован Пејковски, Управување со семејни ресурси и финансии, Филозофски факултет, 2017

2. Elizabeth B. Goldsmith, Resource Management for Individuals and Families, 5/E, Prentice Hall, Florida State University, 2013

3. Mary J. Pickard and Susan A. Reichelt, Consumer Economics and Family Resources: Internet Delivery of Consumer Economics and Family Resource Management Courses, Journal of Family Consumer Sciences Education, 2008