СС501З/18: Семејно здравје и здравствена заштита
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Македонка Радуловиќ
Цели на предметната програма:
Студентите да се стекнат со знаење за семејното здравје поврзано со специфични периоди во животот на човекот и со здравствените потреби на членовите во семејството во тие периоди. Да се запознаат со културолошките, општествените и еконмските услови кои заедно со семејството влијаат врз здравствената состојба на поединците. Како и со, со основите на Системот за здравствена заштита во Република Македонија, кој игра важна улога во остварување на целокупното здравје и благосостојба на семејствата.
Содржина на предметната програма:
I дел: Дефинирање на здравјето и болеста, Здравјето и општеството, Индикатори и фактори на здравјето, Здравје на мајки, Здравје на доенчиња и деца, Здравје на деца во предучилишна возраст, Здравје во училишна возраст и адолесценција, Здравје на возрасни, Здравје на постари лица. II дел: Систем на здравствена заштита во Република Македонија, Закон за здравствена заштита, Здравствена стратегија на Република Македонија 2020, Човекови права во здравствената заштита.
Литература:
1. Теодор Х. Тулчински, Елена А. Варикова, Новото јавно здравство (поглавје 6, „Семејно здравје“), НИП Студентски збор, 2003
2. Јован Пејковски, Систем на здравствена заштита, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, 2012
3. Македонка Радуловиќ, Право на здравје како дел од човековите права и слободи, докторска дисертација, Филозофски факултет, 2011
4. Бранислав Саркањац и Стефан Костовски, Социологија на здравјето и болеста, Филозофски факултет, 2010