СС404И/18: Демографија на домаќинството и семејството

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииIV2+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Студентите ќе можат да стекнат продлабочени знаења на демографските трендови и модели домаќинствата и семејствата во РМ, Eвропа и светот. Студентите да се запознаат со теориите и објаснувања на трендовите на развојот на семејството во развиените и земјите во развој. Студентите ќе стекнат способности и вештини за практична примена на самостојна анализа и предвидување на трендовите и моделите на домаќинствата и семејствата. Студентите ќе стекнат компетенции за демографска анализа на трендот и развојот на населението. Студентите да развијат аналитички, комуникациски и истражувачки вештини кои ќе ги доведат во позиција на независен професионалец.

Содржина на предметната програма:

Вовед семејна демографија: трендот, моделите и промените на семејството и домаќинствата. Интерпретација на промените на семејните модели и домаѓинствата. Историски перспективи на домаќинствата и семејствата. Теорија на демографска транзиција. Бракот. Живот во заедница. Разводи и повторно склопување на брак или заеднички живот. Развод на бракот и грижата за децата. Семејната структура, семејната (не)стабилност и бројот на деца. Семејствата и економската нееднаквост. Сложеноста на семејствата. Стареење на семејствата и домаѓинствата. Иднината на семејствата: бракот и јавните политики.

Литература:

1. Neyer, G. et al., The Demography of Europe (1-13), Doordrecht: Springer, 2013

2. Siegel, J. S., Swanson, D. A., Shyrock, H. S., Methods and materials of demography, Elsevier Academic Press, 2004, 9-43, 191-211

3. Thomson, Elizabeth, Family complexity in Europe, The Annals of the American Academy of Political and Social Sciences, 654, 2014, 245-258

4. Dharmalingam, A., Pool, J., Sceats, S., Mackay, R., Patterns of family formation and change in new Zealand, Centre for Social Research and Evaluation, Ministry of Social Development, 2004

5. Osborne, M. (ed.), The future of families to 2030, OECD, 2011

6. Ross, J., The Dynamics of Family Planning Key Demographic Insights, Population Reference Bureau, 2017