СС306И/18: Еколошки аспекти на домување

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииIII2+25

Наставник:

Цели на предметната програма:

Основната цел на програмата е да ги запознае студентите со социолошките и еколошките содржини на домувањето во Република Македонија, прашањата поврзани со станбената политика, станбените потреби и изградба на станови. Исто така, цел на проучување се и прашањата поврзани со квалитетот на домувањето, принципите на одржливо домување, домувањето во етнички мешовите населби, интерперсоналните односи.

Содржина на предметната програма:

Еколошката димензија на домувањето: предмет, методи, проблеми. Теоретско-методолошки аспекти на истражување на домувањето: модел на истражувачки дизајн на домувањето. Домување – стан, куќа, дом. Интерперсоналните односи на ниво на соседство. Типови на соседски односи во етнички хетерогени средини. Секојдневниот живот на ниво на домување. Етничка и социјална сегрегација на ниво на населба. Квалитетот на домување кај ранливите групи. Социологија на домувањето: домување, станбена политика, станбени потреби, квалитет на домување. Одржливо домување. Станбената политика во периодот на транзиција: стратешки пристап на домувањето и конретни мерки на станбената политика во Република Македонија. Станбени потреби и станбена изградба: адекватност на домувањето, инвестиции во сферата на домувањето, пазарот на станови.

Литература:

1. Ацески, И., Социологија, Филозофски факултет, Скопје, 2013

2. Ацески, И., Скопје визија, реалност, Филозофски факултет, Скопје, 1997

3. Petrović, M., Sociologija stanovanja, Filozofski fakultet, Beograd, 2004

4. Ацески, И., Дизајнирање на социјалните истражувања, Филозофски факултет, Скопје, 2012

5. Balchini, P., Housing policy in Europe, Routledge, 1996