СС203З/18: Семејните вредности и моралот
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Семејни студии | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Матевски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат темелни знаења за концепциите и теоретските прашања од областа на моралот како општествена појава и неговото значење врз формирањето на семејните вредности. Студентите да развијат способност за секојдневна примена на моралните вредности во семејниот живот.
Содржина на предметната програма:
Поимно определување на моралот; поим за норми и нивните антрополошки претпоставки; поим за морални вредности; класификација на нормите; настанок на првите општественоморални норми и вредности во семејството; табуи поврзани со семејниот живот; елементи на моралот; морални норми; вредности; семејни вредности; дефинирање на поимите добро и зло; основни субјективни компоненти на моралноста и нивното значење за успешно функционирање на семејните односи; карактеристики на општествено-моралната свест кај родителите и децата; обичајни норми во семејството; правни норми во семејството; морална ситуација во семејството; морални субјекти во семејството; морална должност во семејството, морален прекршок во семејството; морална санкција во семејството; односот на моралот со другите општествени феномени; морална паника во семејството; односот на моралот со религијата и формирањето на религиските вредности во семејството.
Литература:
1. Жоглев Златко, Основи на етиката, Битола: Педагошки Факултет, 2000
2. Темков Кирил, Како да се биде добар – етика за млади, Скопје: ОХО, 2009
3. Babić Jovan, Moral i naše vreme, Beograd: Službeni glasnik, 2005.
4. Pharo Patrick, Sociologija morala, Zagreb: Masmedia, 2006